Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трифунов во програмата на новата влада предвидува Бугарија да стане вселенска сила

/

Свет

Сподели преку :

Неверојатно, но вистинито. Лидерот на “Има таков народ”, Слави Трифонов, како една од главните точки во програмата на новата влада, предлага испраќање на најмалку двајца бугарски астронаути во НАСА.

Тие мора да бидат маж и жена а идната бугарска влада ќе се обиде да приклучи и астронаут од Македонија.

Партијата на Трифонов по синоќешните избори во Бугарија, има најмногу гласови, па останува да се види дали ќе состави влада.

Трифонов во програмата најавува и дека ќе ја внесе Бугарија во Европската вселенска агенција.