Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рускиот воен конвој го смени планот. Ќе го напаѓа Киев од два правци?

/

Свет

Сподели преку :

Сателитска снимка направена во четвртокот покажува дека голем руски воен конвој, последен пат виден северозападно од Киев, во близина на аеродромот Антонов, главно се распрснал и се преселил, објави приватна американска компанија.

Компанијата Максар објави дека на снимките се гледаат оклопни единици кои се движат и минуваат низ градовите во близина на аеродромот.

Дополнително, на снимките се гледа дека делови од конвојот биле стационирани уште на север, во близина на селото Лубјанке, и дека хаубици биле лоцирани во близина на позиции подготвени за пукање.