Во телефонски разговор меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин му соопштил на Макрон дека постигнување договор на преговорите во Белорусија е можно само ако бидат земени предвид легитимната руска загриженост за безбедноста, вклучувајќи признавање на руската власт над Крим, резолуција чии цели ќе бидат демилитаризација и денацификација на Украина и гарантирање на нејзиниот неутрален статус, соопштија од Кремљ.
Елисејската палата, во соопштение за истиот разговор, јави дека францускиот претседател побарал од Путин запирање на нападите врз цивилното население и станбени објекти и зачувуање на цивилната инфраструктура и главните патишта во Украина.
Според Елисејската палата Путин се согласил со овие барања на францускиот претседател.

Рубљата падна на рекордно ниско ниво, Московската берза денеска остана затворена а Централната банка ги зголеми каматите и забрани продажба на акции во странство. Ова се првите последици откако економските санкции на ЕУ, САД, Јапонија и неколку сојузници стапија на сила. Економската реалност значително се промени, е официјалниот став на Кремљин. 40 отсто беше најголемиот… Продолжи со читање












