Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин ги стави во борбена готовност нуклеарните сили

/

Свет

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на армијата да ги стави во борбена готовсност нуклеарните единици, поради како што ги нарече, агресивните изјави на НАТО членките.

САД, кои ја осудија оваа одлука, го обвинија рускиот претседател дека фабрикува непостоечки закани за да го оправда продолжувањето на агресијата.

Британскиот министер за одбрана Бен Волас оцени дека ставањето во борбена готовност на руските нуклеарни сили е обид да се одвлече вниманието на јавноста од тоа што не оди како што треба во Украина. Според него инвазијата не оди според рускиот план и дека Украинците храбро се борат.