Поранешниот американски претседател Барак Обама денеска потврди дека бил позитивен на тестот за Ковид-19 и додаде дека се чувствува добро.
„Грлото ми се чеша веќе неколку дена, но инаку се чувствувам добро. Мишел и јас сме благодарни што се вакциниравме и го зајакнавме имунитетот, а тестот беше негативен“, напиша Обама на Твитер.












