Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нуклеарната централа Чернобил повторно вклучена на националната електрична мрежа

/

Свет

Сподели преку :

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко денеска изјави дека нуклеарната централа Чернобил повторно е приклучена на националната електрична мрежа.

Руските сили пред четири дена ја исклучија Чернобил од националната електрична мрежа.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека му дозволило на украинскиот тим пристап до оштетените далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил.

Нуклеарната централа во Чернобил не е активна, но во неа се вработени околу 200 луѓе. Според експертите опасноста од таа нуклеарна централа по јавното здравје е помала бидејќи не е активна