Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не можеме ни ранети од улица да носиме, рече градоначалникот на Мариупол

/

Свет

Сподели преку :

Пристанишниот град Мариупол на брегот на Црното Море и понатаму е под постојан напад.

Градоначалникот на градот упати очајно видео обраќање, велејќи: „Не можеме ни да ги извадиме ранетите од улиците, од становите, бидејќи гранатирањето не престанува“.

Руското Министерство за одбрана ги повика цивилите да го напуштат градот преку таканаречениот „зелен коридор“.

Денеска, портпаролот на проруските бунтовници изјави дека тие ќе извршат „целни напади“ врз градот, доколку украинските сили таму не се предадат.