Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 39 жртви во пожар во болница во Ирак

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку 39 лица загинаа, а 20 се повредени во пожар што зафати болница во која се лекуваат заразени с Ковид-19 во ирачкиот град Насирија, јави ирачката државна новинска агенција ИНА.

Министерството за здравство соопшти дека потрагата по преживеаните во болницата Ал-Хусаин продолжила откако пожарот бил ставен под контрола.

Медицински извори велат дека бројот на жртвите може да се зголеми затоа што многу пациенти се водат како исчезнати.