Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меркел ќе биде одликуванa со Голем крст на Легијата на честа

/

Свет

Сподели преку :

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска ќе ја посети Франција како канцелар, а нејзиниот домаќин, претседателот Емануел Макрон, одлучи да ја угости во Бон, град во Бургундија познат по виното и богатото културно наследство, јавија француските медиуми.

Макрон ќе и додели на Ангела Меркел Голем крст на Легијата на честа, што е највисокото одликување на Франција.  Елисејската палата соопшти дека признанието е симбол и сила на француско-германското пријателство.