Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кличко објасни какви експлозии одекнаа синоќа во Киев

/

Свет

Сподели преку :

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави нова видео порака во која им се обраќа на граѓаните.

Тој го направи тоа откако синоќа одекнаа силни експлозии низ градот.

„Ситуацијата е тешка, но е под контрола“, рече тој.

Тој објасни какви силни експлозии одекнаа синоќа низ Киев.

„Ноќта во главниот град одекнаа неколку експлозии. Ова е резултат на работата на системот за противвоздушна одбрана на вооружените сили, кој собори непријателски проектили. Фала му на Бога, нема уништување и жртви“, рече Кличко, додавајќи дека вчерашната оштетена топлинските цевки се обновени.

Тој им се заблагодари на комуналните претпријатија, нагласувајќи дека тие се приклучиле на хуманитарниот персонал и волонтерите кои помагаат во градот.