Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши потрагата по преживеаните во урнатата зграда во Флорида

/

Свет

Сподели преку :

Спасувачите ја завршија потрагата по преживеани под урнатините на станбената зграда во Сурфајд, две недели по трагедијата во сојузната американска држава Флорида. Отсега приоритет на операцијата ќе биде отстранување на телата на починатите, јавија американските медиуми.

Властите синоќа ги информираа семејствата на исчезнатите и јавноста дека нема надеж дека тие се преживеани.

Во првите часови по уривањето на зградата на 24 јуни, 37 лица беа извлечени од под урнатините. Подоцна, спасувачите не пронајдоа ниту едно живо лице.

Спасувачите вчера пронајдоа осум тела. Вкупниот број на потврдени жртви се искачи на 54, а  86 лица се водат како исчезнати.