Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голема експлозија го потресе Киев, може да биде погодено централното греење

/

Свет

Сподели преку :

Голема експлозија одекнала вечерва во Киев, набргу откако се огласија предупредувачките сирени во главниот град на Украина.

Прелиминарните извештаи покажуваат дека мета на нападот била централната железничка станица во Киев.

Се уште нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, но експлозијата би можела да го прекине снабдувањето со централно греење на делови од главниот град на Украина каде има ниски зимски температури, изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Антон Херашченко во објава на интернет.