Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Германија во последните 24 часа регистрирани рекордни 962 смртни случиа од Ковид-19

/

Свет

Сподели преку :

Германија регистрираше 962 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, што е нов рекорд, соопшти рано утринава Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ (РКИ) во Берлин, пренесе ДПА.

Претходниот рекорд беше постигнат минатата недела, кога Иниститут информира за 952 инфекции.

Денеска се регистрирани и 24.740 новоинфицирани случаи, пренесува германската агенција, повикувајќи се на РКИ.

Вкупниот број на лица кои досега умреа како последица на инфекцијата со коронавирус се зголеми на 27.968.

Зголемениот број на инфекции и смртни случаи предизвикува притисок врз здравствените системи во Германија, додава ДПА.