Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во бомбашки напад погодена воена болница во Кабул

/

Свет

Сподели преку :

Воена болница во авганистанскиот главен град Кабул беше погодена од два бомбашки напади.

Болницата се наоѓа во регионот Вазир Акбар Кан, елитен кварт со многу странски амбасади.

Првата бомба експлодирала на влезот на болницата Сардар Мохамад Давуд Кан, најголемата воена болница во Кабул. Потоа следеше втор бомбашки напад.

По експлозиите, во болницата се слушнале истрели од огнено оружје.

Засега нема информации за жртви.