Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Зеленски: Ниту едно хемиско или друго оружје за масовно уништување не е развиено на нашата земја

/

Свет

Сподели преку :

Украинскиот претседател Влодомир Зеленски ги негираше тврдењата на Русија дека САД соработуваат со украинските лаборатории за развој на биолошко оружје.

„Ова многу ме загрижува бидејќи постојано бевме убедени дека ако сакате да ги знаете плановите на Русија, тие се она за што Русија ги обвинува другите“ – изјави Зеленски.

„Ние сме разумни луѓе. Јас сум претседател на разумна земја и разумни луѓе. Јас сум татко на две деца. Ниту едно хемиско или друго оружје за масовно уништување не е развиено на нашата земја. Целиот свет го знае тоа. И ако направите нешто од ваков вид против нас, ќе добиете најстрога санкција“, рече тој.