Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ватикан и САД го осудија ракетирањето на детска болница

/

Свет

Сподели преку :

Ватикан и САД го осудија „неприфатливото“ и „варварско“ ракетирање на детска 
болница во опколениот украински град Мариупол, при што беа повредени 17 возрасни лица.
"Бомбардирањето на болницата е неприфатливо. Нема причина ниту мотивација за такво нешто ", изјави државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин на прес-конференција во Рим.

"Првата верзија што ја дадоа за таа војна е дека се работи за воена операција која треба да ги уништи воените структури во Украина за да ја гарантира безбедноста на Русија. Бомбардирањето на детската болница, педијатрија нема никаква врска со таа цел" , рече Паролин.