Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарија најсиромашна земја во ЕУ

/

Свет

Сподели преку :

Според последните податоци на Евростат, Бугарија е најсиромашна земја во ЕУ, а зад неа е Хрватска. Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинството. Најбогат е Луксембург, кој е за 35 отсто над европскиот просек. Следува Германија со 22 отсто. Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 отсто над просекот на ЕУ. Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година. Романија сега се изедначи со Полска и ја престигна Грција.