Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За случај со медицинската сестра Шавреска која го загуби плодот од ГАК велат дека е постапено по протокол

/

Македонија

Сподели преку :

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ги отфрла обвинувањата изнесени од родилката од Охрид, посочувајќи дека во конкретниот случај било постапено согласно медицинските протоколи.

Од ГАК велат дека за тоа постојат и писмени докази, меѓу кои прегледи и документирана терапија.

Од Клиниката информираат дека пациентката, и покрај укажаната медицинска грижа, ја напуштила установата по сопствено барање.

Воедно, од ГАК посочуваат дека како институција ја почитуваат приватноста на пациентите, но и интегритетот на установата.

Случајот го следи и Министерството за здравство, кое претходно побара вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен здравствен инспекторат.

Ќе се испитува случајот со бремената жена која го загуби плодот по трауматично искуство во болници

Државниот здравствен инспекторат ќе го испитува работењето на здравствените установи каде била лекувана бремена жена, која го загубила плодот. Медицинската сестра Љубица Шавреска, преку Фејсбук статус раскажува која голгота ја преживеала како пациентка, која одејќи од една во друга клиника го загубила своето бебе. Таа раскажува дека со болки во 24-та гестациска недела од бременоста … Продолжи со читање

telma.com.mk

По надзорот, Министерството најави формирање комисија за стручен надзор, а доколку бидат утврдени пропусти, ќе се постапи согласно законските прописи.

Медицинската сестра Љубица Шавреска претходно сведочеше за своето искуство за време на бременоста, која завршила со загуба на плодот.

Таа опишува дека по појавата на силни болки побарала помош во повеќе здравствени установи во Охрид, Струга и Скопје, при што, според неа, не добила навремена и соодветна реакција.

Jumbo 2