Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во камиони откриени дванаесет илегални мигранти од Египет и Судан

/

Македонија

Сподели преку :

Царински службеници во еден ден открија 12 илегални мигранти, со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во две различни испостави.
Во царинскиот терминал во Тетово, царинските службеници уште пред да извршат контрола на камионот се посомневале за можно присуство на илегални мигранти, поради што повикале асистенција од МВР по што во товарниот дел се откриени 5 илегални мигранти.
После само два часа, во царинскиот терминал Скопје 3 при контрола на стоката пријавена за увозно царинење откриени се седум илегални мигранти.
Согласно последните податоци на Фронтекс, илегалната миграција преку западнобалканската рута забележува пад од 42 проценти.
Jumbo 2