Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мицкоски со група граѓани се упатија кон Свети Спас

/

Македонија

Сподели преку :

Делегација предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и група граѓани од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се упати кон црквата Свети Спас каде ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Мицкоски во изјава за медиумите кажа дека ВМРО ДПМНЕ заедно со патриотскиот институт со овој марш сакаат да го одбележат денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Тоа што не разочарува и создава едно посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот и дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите можете да видите денеска во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок прв степен, хеликоптери летаат или можам да заклучам дека не само што не ги решиле, туку и ги продлабочиле, нагласи Мицкоски, додавајќи дека колку побрзо заминат толку подобро ќе биде за сите.

Пред црквата Свети Спас, односно пред безбедносната зона има собрано околу 500 граѓани. 

Пред гробот на македонскиот револуционер цвеќе ќе положат вкупно 11 делегации на партијата, предводени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски; генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски; Унијата на жени; Унијата на млади сили; Пратеничката група, советничката група во град Скопје; како и од скопските општини: Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ од 15 часот, во Домот за култура “Биљана Беличанец” во Кисела Вода ќе одржи и “Историски час” на кој ќе земат учество, Христијан Мицкоски, Александар Пандов и Ванчо Ѓорѓиев.

Jumbo 2