Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се фали со одлуки на обвинител кој слепо следи партиски насоки

/

Македонија

Сподели преку :

Венко Филипче сега се фали со одлуката на Ислам Абази да не поведе обвинение против него за 19 модуларни болници, меѓу кои и модуларната болница во Тетово, каде во пожар животот го изгубија 14 лица, реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

-Кога требаше да одговара пред законот за модуларните болници, кои беа поставени без да се почитува Законот за градење и без почитување на стручната јавност, токму тој систем, кој СДС и ДУИ го обликуваа да им слугува на нивните интереси, го спаси Филипче од одговорност, се вели во соопштението од владеачката партија.

Оттаму обвинуваат дека СДСМ и ДУИ го довеле „правосудството до ниво на доверба под 2 отсто“.

Тој систем, кој е нефункционален и од кој дел е и Ислам Абази, Филипче сега го користи како аргумент, еден ден зборува за европска Македонија и владеење на правото, а следниот ден се радува на одлука на обвинителство кое не покрева обвинение против него, се додава во денешното соопштение.

Jumbo 2