Пожар во атарот на делчевското село Бигла кое е од развиен тип, односно куќите се раштркани низ теренот, соопшти првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Ангажирана е тешка механизација од страна на тамошниот градоналаник.
А двете лица кои се обиделе го изгаснат однот сега се однесени во боница бидејќи вдишале прекумерка количина на чад.
„Неодговорно лице палело гуми во својот двор во селото Бигла, кое е село од разбиен тип, односно куќите се распоредени на неколку ридови. При тоа, лицето изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската шума. Во моментов во Бигла има голем шумски пожар во борова шума. Од страна на градоначалникот веднаш се ангажирани сите расположливи сили од Делчево. На терен се излезени пожарникари, а побарана е помош и од соседните противпожарни единици. Во моментов кон местото на пожарот се упатуваат и три трактори од Дирекцијата за заштита и спасување, а веќе е ангажиран и хеликоптер на полицијата“, изјави Ангелов.
Пред кратко време на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов, објави видео од пожарот на планината Голак во Делчево.
Против пожарните екипи се веќе на терен и се работи на гаснење на огнот од воздух и од копно.













