Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Уна“ на белградска Ѕвездара го отвора 34-то издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица

/

Култура

Сподели преку :

Вечерва почнува 34 издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. На отворањето, на големата сцена во струмичкиот театар ќе се изведе претставата „Уна“ на театар Ѕвездара од Белград, во режија на Дејан Пројковски.

Особено ми е драго што оваа година ја продолжуваме една од најзначајните и најдолговечните фестивалски приказни во македонскиот театар. 34 години Ристо Шишков се 34 години посветеност кон театарската уметност, кон актерот, кон сцената и кон публиката, рече Ване Ристов Патриков, директор на ФКТ „Ристо Шишков“.

———————————————————————

Она што го прави фестивалот „Ристо Шишков“ посебен е неговиот јасен фокус на актерот и актерската игра. И оваа година најдобрите актерски остварувања ќе се борат за единственото фестивалско признание, наградата „Ристо Шишков“, кое е симбол на врвното актерско остварување, рече Таше Пефќев од Општина Струмица.

Годинава на 34 издание на фестивалот ќе се погледнат 10 претстави од три земји: Македонија, Бугарија и Србија. Програмата, вели селекторот, е составено главно од претстави работени врз современи автори како што е Бекет, Јасмина Реза, Дејвид Мемет и др.

Претставите градени врз овие текстови се фаќаат во жестока борба со предизвиците на современото  живеење денес. Тие влегуваат во еден предизвик, со она со кое ние денес се судираме. Воглавно апсурдот како критериум во оваа програма не беше критериум при изборот на програмата но с енаметна некако како заеднички именител на темите што ги носат овие престави, изјави Љупчо Георгиевски, селектор на ФКТ „Ристо Шишков“.

Наградата „Ристо Шишков“ се состои од медалјон со ликот на големиот македонски актер Ристо Шишков и парична награда во висина од 1.500 евра.

Сузана Мицева

Jumbo 2