Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото+видео) Пожар над православните гробишта во Тетово, се интервенира и со хеликоптер

/

Македонија

Сподели преку :

Од околу 11:30 часот е почнат пожар над православните гробишта во Тетово, на ридот Балтепе. Тетовските пожарникарите по пријавата почнале со интервенција на огнот кој се појавил во објект, па се шири во правец на врвот на ридот. 

„Пожарот избувнал во стар објект-плевна. Ние по пријавата, дојдовме овде кај православните гробишта и пуштивме црева нагоре затоа што нема пат по кој може да се оди нагоре со противпожарни возила. Побаравме евакуација на луѓето од блиските куќи. Огнот го изгасивме кај плевната и со тоа спречивме да бидат загрозени блиските куќи, но продолжи да се шири во шумата и кон Калето“, изјави Авни Амети, командир во тетовската пожарна. 

Во 13:20 часот на пожарот почнаа и интевенции од воздух со хеликоптер. Дел од пожарникарите се поставени на пат кон врвот од ридот Балтепе со цел да интервенираат над пожарот.

Александар Самарџиев

Jumbo 2