Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Посебен сообраќаен режим во Битола

/

Македонија

Сподели преку :

Утре во Битола од 6 часот наутро до 18 часот попладнето СВР Битола ќе преземе посебен сообраќан режим, соопштија од битолската полиција.

Посебниот сообраќаен режим ќе се спроведе заради потребниот протокол на високи делегации кои ќe престојуваат во Битола, пoсочуваат од СВР Битола.

-Утре на „Булевар 1 Мај“ на зоните Б1 и Б2 на потегот од местото викано „Црн мост“ до Безистен, СВР Битола ќе преземе посебен сообраќаен режим и притоа паркирањето на автомобили во периодот од 06:00 до 18:00 часот нема да биде дозволено. Сообраќајниот режим се спроведува заради потребите на протокол на високи делегации кои ќе бидат во официјална посета на општината, информираа од СВР Битола.

Jumbo 2