Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна новата учебна година – 3.000 првачиња помалку од лани

/

Македонија

Сподели преку :

Почна новата учебна година со вкупно 238.000 ученици од кои 174.000 основци и 64.000 средношколци. Меѓу основците се запишани 14.952 првачиња, што е за 3.000 помалку од лани, и 16.932 ученици во прва година средно.

Новата школска година ќе почне со 433 паралелки помалку во училиштата – 222 во основното образование и 211 паралелки во средното. Поради тоа што немаат запишано ученици, од септември привремено се затвораат 26 подрачни училишта. Вкупниот број на празни училишни објекти во државава, претежно во руралните средини е 148.

Министерката за образование на првиот училишен ден го посети основното училиште „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец.

Jumbo 2