Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петмина кандидати за претседател на СДСМ

/

Македонија

Сподели преку :

Петмина кандидати влегуваат во трката за претседател на СДСМ: Славјанка Петровска, Венко Филипче, Јован Деспотовски, Златко Ристовски, а утрово им се придружи Александар Бајдевски. Ќе гласаат сите членови кои ќе се регистрираат. Новиот претседател ќе биде познат по гласањето на 30-ти јуни.

Александар Бајдевски е петтиот кандидат за претседател на СДСМ. Последниве 7 години е заменик министер за информатичко општество и администрација, а пред тоа уште 6 години работел во секторот за финансиски прашања на истото министерство. Негова стручност е финансиско сметководствен менаџмент.

Вчера поднесоа кандидатури и други истакнати партиски личности.

Екс министерката за одбрана, пратеничката Славјанка Петровска најавува внатрепартиски дебати и СДСМ како силна опозициска партија.

Екс министерот за здравство Венко Филипче ветува достапност и позитивни промени чии резултати брзо ќе станат видливи.

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски нуди програма што обединува а не фаворизира, како и Влада во сенка.

Златко Ристовски прв се кандидираше за претседател. Единствената информација за него е дека е партиски активист од Битола.

Доскорешниот потпретседател на партијата, сега пратеник Фатмир Битиќи, на социјалните мрежи објави дека нема да се кандидира, иако многумина тоа го очекувале. Најави дека остануваат во СДСМ и дека ќе делуваат „можеби како фракција, можеби како група, но без компромис со темелните социјалдемократски вредности“.

Централната изборна комисија ќе ги разгледа сите кандидатури и ќе објави за кого може да гласа членството на 30-ти јуни. Додека тече рокот за регистрација на гласачите, в недела партијата ќе одржи отчетен конгрес за слабите изборни резултати.

Соња Николовска

Jumbo 2