Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерство за култура: Ангажирањето на посебни советници е согласно закон и законски утврдена процедура

/

Култура

Сподели преку :

Министерството за култура излезе со соопштение во кое вели дека огласот за ангажирање посебни советници во Кабинетот на министерот Седат Сулејмани е објавен целосно согласно законските процедури.
– Согласно член 22 став 1 алинеја 6 од Законот за вработените во јавниот сектор, во кабинетите на министрите може да се ангажираат посебни советници, чиј мандат трае до истекот на мандатот на министерот. Оваа законска можност е користена и од претходни министри и претставува редовно предвиден механизам за обезбедување стручна поддршка во работата на кабинетите.
Огласот е објавен по добиена согласност од Министерството за финансии, а рокот за пријавување е утврден согласно законската процедура и не е произволно определен од Министерството за култура и туризам, стои во соопштението на министерството.
Од таму појаснуваат дека потребно е да се направи јасна разлика меѓу државните советници во Министерството и посебните советници во Кабинетот на министерот, што според нив  станувало збор за две различни категории, со различен правен основ, статус и работни обврски.
-Бројот на државни советници во Министерството не претставува аргумент за оспорување на законската можност за ангажирање посебни советници во Кабинетот. Ангажирањето стручни лица во Кабинетот има за цел да обезбеди дополнителна експертиза и професионална поддршка во креирањето и спроведувањето на политиките во областа на културата и туризмот, велат од министерството.
Уверуваат дека  сите постапки на Министерството се спроведуваат согласно законските надлежности и утврдените процедури, во интерес на ефикасно функционирање на институцијата и унапредување на културата и туризмот.
На огласот на министерството за култира реагираше партијата Левица кои утрово преку соопштение до јавноста информираа дека Министерството за култура и туризам, среде летната сезона, објавува оглас за вработување на двајца посебни советници во Кабинетот на министерот – еден советник за правни работи и еден советник за култура. Рокот за пријавување е само три дена. Според партијата ова е скандалозен оглас бидејки ова министерство  располага со 17 државни советници, односно највисокиот ранг во администрацијата, сега има потреба и од дополнителни кабинетски советници со основна нето-плата од 60.000 денари.
https://telma.com.mk/2026/08/10/skandalozen-oglas-na-ministerstvoto-za-kultura-17-drzhavni-sovetniczi-ne-im-se-dovolni-se-bara-sovetnik-za-kultura-iskluchivo-so-ekonomski-fakultet-objavuva-levicza/
Jumbo 2