Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малку пари за судството

/

Македонија

Сподели преку :

Малку пари од државниот буџет се слеваат во судството. Извршната не го исполнува законскиот минимум за финансирање на Судската власт. Последниот ревизорски извештај на линија на алармантните податоци на фелата и невладините за разнишаната доверба во секторот, во кој се влеваат 58 проценти помалку средства од предвидените.

„Со тоа се создава ризик од непречено стабилно и долгорочно финансирање на судската власт, обезбедување на уставната и законски предвидената независност и самостојност на истата, како и забавување на планираните реформи во судската власт“, велат од ДЗР.  

Во извештајот се нотира и дека без правила се исплаќаат плати на техничкиот персонал во судовите, а при ревизорската контрола е констатирано и дека Основниот граѓански суд во Скопје нема веродостојни документи за потврда на набавната вредност на зградата во која е сместен. Пред 35 години склучен бил договор за закуп на деловна просторија по валута која од 2002 година не е во примена и до денес не е изготвен нов договор или анекс на постоечкиот.

„На 01.12.1989 година, Основен граѓански суд Скопје склучил договор за закуп на деловна просторија, со вкупна површина од 91,50 м2 со месечен надоместок за закуп во валута која веќе не е официјална, а времетрањето на договорот не е утврдено. Согласно член 3 од договорот, предвидено е месечниот надоместок за закупнина да изнесува 1.830 германски марки во денарска противвредност по курсот на Народна банка на Република Македонија на денот на уплатата“, информираат од ДЗР.  

Според ревизијата, во Основниот граѓански суд Скопје има зголемување на бројот на нерешени судски предмети. Постои неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на 10 години нивното предавање. Поради недоволен број на вработени во судската полиција, пак, во текот на 2023 година, за седум лица е надминат предвидениот максимум од 190 часа годишно, односно исплатени се 318 часа повеќе за прекувремена работа.

Весна Јовановска Дојчиновска

Jumbo 2