Владина делегација од Северна Македонија предводена од премиерот денеска е во работна посета на грчката метропола и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција.Во фокусот на разговорот ќе бидат енергетиката и енергетската стабилност во регионот.
На вчерашен брифтинг со новинари вчера портпаролот на грчката влада Јанис Иконому истакна дека тие секогаш се подготвени да им помогнат на земјите во регионот.
-Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите соседи и со Република Северна Македонија со предуслов да се почитува договореното со меѓународните договори кои постојат. Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја им има енергетски помогнато на земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји. Сакаме да сме центар на енергетска стабилност, енергетска безбедност и претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста и во енергетскиот дел пошироко во нашиот регион, рече Иконому на прашањето на МИА.
Средбата на двајцата премиери е закажана за 12 часот по локално време во премиерската палата во Атина.













