Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочани: Спиеле во спалната, им влегол дрон преку терасата, се обиделе да го срушат, дронот избегал

/

Македонија

Сподели преку :

На 11 септември во ОВР Кочани бил пријавен влез на дрон во станбена зграда во центарот на градот.

Станарите сведочат дека во првиот случај дронот влегол во спална соба преку отворена врата на терасата, додека тие спиеле.

Велат дека звукот од пропелерите ги разбудил, а при обидот дронот да ја напушти просторијата се удрил во стаклото од вратата. Кратко потоа, дронот повторно навлегол во друга спална соба.

При обид да биде срушен, дронот успеал да избега преку вратата на терасата.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека случајот е пријавен и дека се преземени полициски мерки и активности.

„Известен е јавен обвинител и доставено е барање до Агенцијата за цивилно возухопловство за проверка дали во наведениот период било пријавено користење на дрон на подрачје на Општина Кочани. Во тек е постапување по насоки на јавниот обвинител, а по добивање на дополнителни сознанија за случајот ќе биде доставено известување до ОЈО Кочани“, информираат од МВР.

Jumbo 2