Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изборниот ден неработен за сите граѓани

/

Македонија

Сподели преку :

Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Северна Македонија.

Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.

Во деновите на изборите, 24 април и 8 мај, не работат ниту училиштата. Со одлука на МОН, наставата од овие денови ќе се надомести во работни денови.

Jumbo 2