Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Ставил и крв во алкохолот, пијан возач со 3,7 промили возел низ Петровец

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата фатила возач кој на воланот седнал со неверојатни 3,7 промили алкохол во себе. Толкава количина алкохол покрај за расудувањето во сообраќајот, претставува опасност и по здравјето на пијаниот.

Еве го соопштението на МВР:

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер 13/14. 01.2024 спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје. Вкупно се санкционирани 19 возачи, а кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот.

Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Jumbo 2