Две лица на возраст од 79 години, односно 61 година, биле прегазени вчера од патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички во скопско Визбегово.
„На 11.04.2023 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Визбегово, скопско, патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј. (52), удрило во пешаците Љ.С. (79) и И.Т.(61), двајцата од с.Визбегово“, соопшти МВР.
Според информациите од МВР, во несреќата со тешко повредени се двајцата пешаци и возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „8 Септември”.













