Тринаесетгодишното дете со убод во срцето е во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба – соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.
„Последната информација, за жал, ми е од вчера. Стабилна, во животозагрозувачка состојба, сѐ уште. Добрата страна – кинетиката – движењето на срцето е во ред, меѓутоа, сѐ уште е во животна опасност“, одговори Клековски на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Триесетдневен притвор доби 19-годишник од Скопје, еден од осомничените за нападот на момчето во Чаир, кое со нож беше прободено во срцето. Во нападот учествувал и неговиот 13 годишен брат, но тој не може кривично да одговара. Деца под 14 години не можат да завршат ниту во поправен дом, затоа со него ќе работат социјалните… Продолжи со читање
Прашан за ризикот од можна епидемија на морбили по зголемениот број случаи во соседството, тој повторно упати предупредување имајќи предвид дека 62 отсто од учениците се вакцинирани против морбили, што е недоволно за колективен имунитет.
„Во основа, Институтот за јавно здравје ги спроведе сите неопходни активности за информирање, меѓутоа вие знаете дека во основа имаме, особено во некои урбани средини – силно противење на вакцинацијата. И мораме да гледаме малку поаналитички како тоа да го надминеме бидејќи нема логика во, условно кажано, помалку развиени средини да имаме многу висок степен на опфат, вклучувајќи и со помалку прифатени вакцини, како ХПВ, а од друга страна, во средините кои се најразвиени, каде што образованието е на највисок степен, да имаме најнизок степен на опфат. И тоа е предизвик со кој мораме малку поаналитички, системски да се соочиме – одговори Клековски.
Во однос на опфатот на пациенти со цистична фиброза, кои може да примаат „трикафта“, министерот најави дека ќе има промени многу бргу.
„Многу набргу ќе има промени таму, ќе ги објавиме. Очекувам дека на крајот на месецот ќе има нови објавени протоколи и ќе имаме нов опфат и на возрасна група и на генетски варијации“, појасни Клековски.
Тој потврди дека со промените се планира и децата што се над двегодишна возраст да може да го добијат лекот „трикафта“.













