Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Деко и неговиот син меѓу сведоците предложени од обвинети полицајци за „Пулс“

/

Македонија

Сподели преку :

Дејан Јованов Деко и неговиот син  Михаило се на листата на сведоци на двајца од деветмината полицајци обвинети дека без соодветни проверки за паркинг места  и за нарушувања на јавниот ред и мир дале согласност за „Пулс“ да добие лиценца.

„Од материјалните предложивме околу 16 документи, додека од вербалните осум сведоци, меѓу кои е и Дејан Јованов – Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“. Го предлагаме на околности затоа што застапникот на обвинението тврди дека обвинетите му дозволиле на Деко да стекне имотна корист која се изразува во плата која ја земал како вработен за шест месеци, па на таа околност бараме да биде сослушан, дали тоа му е овозможено од обвинетите“, рече Бранко Колев  адвокат на Боби Гидиовски   

Друг адвокат го предложи синот на Деко за да каже во какви односи бил со неговиот клиент. 9 мината полицајци и началници обвинети за злоупотреба на службената положба предлагаат повеке сведоци  мегу кои и вработени во МВР но и  материјални докази.

Дел се поврзани со  проблемската информација која кочанската полиција ја испратила до СВР Штип во ноември 2022  а е предЛожена како доказ на обвинителството.  Код на Телма претходно објави дека во оваа проблемска информација било наведено дека имало чести нарушувања на јавниот ред и мир и кривични дела во и надвор од дискотеката за време на нејзиното работење таа година

„Останатиот дел се однесува на проблемска информација која што е прикриена од обвинетиот Боби Гидиовски како началник на СВР Штип, а која проблемска информација е доставена за проблемите во дискотеката „Пулс“ кои ОВР Кочани ги имале во Кочани“, рече адвокатот.

Обвинителката Спасенка Андонова најави дека на утрешното рочиште ке се проинзесе околу предлозите на одбраната и за сведоците и за материјалните одкази по што судијката ќе одлучи кои свеодци ке бидат повикани во судницата. Обвинителството заврши со своите докази и сведоци на минатото рочиште.

Елена Ивановска Mуковска

Jumbo 2