Приказната со АФД не ја сметам за изненадување, АФД се приспособува на политичката клима и екстремните ставови со кои што тргна полека ги ублажува, изјави во емисијата ВИН ВИН аналитичарот Владимир Божиновски дебатирајки за изборните резултати во Германија.
Тој истакна дека АФД веќе не е екстремна десница, туку опција прифатлива за поголем дел од популацијата во Германија.
-Приказната со АФД не ја сметам за изнедување, полека АФД се приспособува на политичката клима и полека екстремните ставови со кои што тргна ги ублажува, но не до степен да ги заборави- затоа што сведоци сме дека Мелони одредени политики за кои што се залагаше сега ги заборави. Тие успеаа да ги лоцираат слабите точки на германското општество. АФД веќе не е екстремна десница, стануваат многу поприфатливи за поголем дел од популацијата во Германија што се покажаа и овие избори. Многу често во обид да се направи рамка на политичкиот опонент, се создава наратив во кој што тој се опишува како неприфатлив. Не е тоа случај само со АФД и со Германија, изјави Божиновски.
Тој додава дека на АФД им е наметнато дека е екстремна крајна десница, што се покажало контра продуктивно за политичките противници.
-Никој не вели дека АФД е некоја центристичка, умерена итн. Но она што им се наметна екстремна, крајна десница, целата онаа реторика, тоа врамување на одреден политички субјект во случајот со АФД излезе дека е контра продуктивно. Затоа што доколку вие се обидувате да наметнете на некоја партија дека е екстремна десница, а притоа тие излегуваат со програма која што не е толку екстремна, тогаш очигледно и самите гласачи сфаќаат дека има обид политички пратии да ја врамат оваа политичка сила.
На граѓаните веќе им е преку глава малку од лажна вештачка борба која постоеше меѓу ЦДУ и СПД кај што често пати завршуваа во една иста Влада. Кога имате поекстремни партии како АФД и Левица, тие најчесто целат на периферни гласови. Некои од нив се отвараат повеќе кон центарот, АФД се обидува тоа да го направи. Она што е јасно е дека самиот камп на периферни гласови се зголемува. Сите се свесни дека и во ЕУ има криза, особено и во Германија изминативе неколку години има криза, што е наметната од надвор-како што е на пример војната во Украина, губење на ефтината енергија. Од друга страна Германија направи одредени чекори за да задоволи одредени коалициони партнери во случајот со затворање на атомските централи. Со што се само повреди на некој начин германската економија, вели Божиновски. Тој истакна дека воопшто нема да го изненади во иднина, партијата на Ле Пен да добие претседател.













