Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако не се изгласаат министрите од ВМРО-ДПМНЕ министерствата нема да земаат плата?!

/

Македонија

Сподели преку :

Оставката на премиерот повлекува оставка и на цела влада, оттаму и предлогот за половична влада е политички аматеризам и дилетантизам. Вака од ВМРО-ДПМНЕ ги коментираат изјавите на премиерот и на неговите коалициони партнери дека, доколку тие не го гласаат Џафери за технички премиер, ниту мнозинството нема да ги гласа министрите што ќе бидат предложени од опозицијата.

Се повикуваат на Уставот и на член 3 од законот за влада, каде се вели дека мандатарот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор, а доколку тоа не се случи, ќе се појават проблеми.

Новиот мандатар сè уште се нема произнесено за ова прашање. Премиерот деновиве изјави дека местата кои со закон им следуваат на опозицијата во техничката влада треба  да останат празни ако  ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за Џафери, а овој негов став го поддржаа и коалиционите партнери. Денеска, пак, изјави дека има доволно време до недела да се завршат сите формалности.

Од кабинетот на Џафери кусо соопштија дека подготовките за техничката Влада треба да почнат денеска и да завршат со гласање во недела на 28 јануари. Оставките на премиерот и на претседателот на Собранието се очекуваат до четврток, пред новата седница закажана за петок, кога би биле констатирани оставките и избран новиот претседател на Собранието, Јован Митрески.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2