На синоќешната изложба со наслов „Превидувања“, пред скопската публика преку три уметнички практики се отворија прашањата за женското тело, невидливиот женски труд и правото на сигурност.
Уметниците Соња Ставрова, Ивана Секулоска и Ана В’чкова со своите инсталации и мултимедијални прикази потенцираа низа прашања: Што значи да се живее во женско тело во свет што веќе одлучил како тоа тело треба да изгледа, што треба да прави и колку простор смее да зазема? Што значи да се порасне како девојка во општество што нуди само еден правилен калап за женственоста, иако ниту една жена не може, ниту треба, целосно да се вклопи во него?
- Одлучивме дека нема да чекаме сите услови да станат идеални и ќе почнеме од она што го имаме, а тоа е – се имаме едни со други. Можеби забележавте дека во оваа изложба нема класичен кураторски текст, текст кој што ќе им даде на делата некаква „наводна“ тежина, којшто ќе му објасни да гледачот како настанале или како да ги чита. Зборот куратор потекнува од латинското „curare“ да се грижи, затоа нас не интересираше што би се случило кога грижата би станала основен принцип на кураторкста, работа, соработка и создавање. Во светот во кој постојано сме поттикнати да се напреваруваме да ја покажуваме сопствената вредност и да го претставиме секое искуство како мерлив резултат сакавме да создадеме простор во кој не мора да се натпреваруваме, ниту да критикуваме, ниту да докажуваме дека сме доволно добри, доволно успешни или доволно компетентни за да бидеме тука. Ова не значи дека изложбата е без концепт, без став или без аргумент, напротив целиот концепт е токму во односите што ја овозможија, а нејзиниот став е дека уметноста не мора да ја глорифицира логиката на светот што го критикува, рече на отворањето кураторката Тијана Ана Спасовска.
„Превидувања“ е изложба за меѓусебната поддршка, емпатија, разбирање и солидарност
Текстовите што ги пружуваат делата се поставени во различни форми како „Мени“, „Девојчински дневник“ или „Водич за домаќинки“.

Трите уметнички практики во оваа изложба се различни но се пресретнуваат на едно важно прашање: Што се случува со жената кога општеството постојано ја набљудува, проценува и обликува, а ретко ја прашува што таа самата сака, мисли и со што се согласува.

- Делото на Соња Ставрова Кирковски, секојдневните предмети и постојаните симболи стануваат простор за преиспитување на општествените норми и улогите што им се доделуваат на жените. Формираните елементи не се само предмети во просторот, тие водат кон домот како место на припадност, место каде се одвива невидлив труд, кон бракот како општествен идеал и кон очекувањето жената да биде она кое што ќе ја одржува сликата за семејната хармонија. Сјајната површина ветува совршенство, но истовремено и ја искривува сликата што ја одразува, со одблесокот настануваат прашањата кој ја одржува таа слика која е нејзината цена и чиј труд останува непрепознаен, истакна кураторката Тијана Ана Спасовска.

Според кураторката Ивана Секулоска преку својот интердисциплинарен пристап го отвора прашањето на телесноста идентитетот и односот помеѓу објектот, просторот и наративот.

- Нејзината практика не потсетува дека предметите и материјалите никогаш не се неутрални имаат значење, меморија и општествени претпоставки. Во контекст на оваа изложба материјалното и визуелното стануваат начин да се размислува за тоа како женското чувство опишува преку посторот и како се обликува преку очекувањата, рече Спасовска.

Во време кога дигиталните технологии и вештачката интелигенција овозможуваат се полесно создавање и менување слики на луѓе пред се на млади жени и девојки без нивна согласност делото на Ана В’чкова не потсетува дека прашањето за претставувањето не е само естетско, туку прашање на моќ, автономија и е право на сигурност.

- Заедно овие дела ги поврзуваат домашниот простор и јавната слика. Секојдневниот предмет и политичкото прашање, личното искуство и општествената структура. Тие не повикуваат да ги забележиме токму оние нешта кои што сме научиле да ги предивуваме, да ги сметаме за нормално, природни или неважни, затоа е важно овие прашања да ги поставуваме јавно и сега, затоа што правата не се освојуваат еднаш за секогаш, тие се резултат на долги колективни борби, истакна истакна меѓу другото кураторката пред присутните на вчерашното отворање.

Изложбата која се оджува во галерија на Факултетот за ликовни уметности – Педагошка ќе биде отворена до 20 октомври 2026.

Б.С.












