Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битола подготвена за 47. издание на „Браќа Манаки“ – следните седум дена ќе бидат прикажани 83 филмови

/

Култура

Сподели преку :

Битола е подготвена за 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој започнува утре и ќе трае до 25 септември. Во седумте фестивалски денови ќе бидат прикажани 83 филмови во повеќе програми, од кои 12 во официјалната конкуренција. Наградата „Златна камера 300“ за животно дело  ќе му биде доделена на данскиот кинематографер Ден Лаустен, а  специјалната „Златна камера“ за особен придонес во филмската уметност ќе ја добие кинематограферот Џим Кроненвет.  Организаторите најавуваат рекорден број акредитирани гости, меѓу кои филмски работници и истакнати имиња од светската кинематографија.

  • Неофицијално имаме околу 700 акредитирани гости, што е огромна бројка. Имаме првокласни кинематографери, потенцијални и наградувани лауреати од претходните години, кои повторно доаѓаат во Битола затоа што го сакаат градот, го сакаат фестивалот и целата атмосфера на фестивалот , рече директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Годинава Друштвото на филмските работници започнува соработка со Европската филмска академија. Во рамките на фестивалот ќе се одржат панели посветени на значајни прашања поврзани со работата на кинематограферите.  На денешната прес-конференција беше најавено и враќањето на „Макпоинт“ програмата.

  • Навистина ми е драго што оваа година повторно ја имаме „Макпоинт“ програмата. Во неа имаме многу македонски филмови и сметам дека тоа е мошне важно за македонската кинематографија и за нашата публика, која ќе има можност да ги види филмовите, изјави претседателката на ДФРМ, Марија Димитрова.

Фестивалот ќе биде отворен утре со македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума. И филм на затворањето  ќе биде македонска продукција,   дебитантското остварување на Срѓан Јанаќијевиќ, „Нема да ви се верува што се случи претходно“, чиј кинематографер е Дејан Димески. За годинашното издание   фестивалот од Министерството за култура доби поддршка од 12 милиони денари.

Емилија Мисирлиевски

 

Б.С.