Во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време се очекува и денеска грчките земјоделци да го блокираат граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со грчки производи, додека пак низ целата земја поставени се над 50 блока.
На граничниот премин Евзони, паркирани се над 300 трактори, а веќе десет дена грчките земјоделци периодично го затвораат за сообраќај.
Блокови се поставени и на другите гранични премини, на Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што секојдневно се одлучува дали и на колку време ќе се блокира сообраќајот, на Промахноас и Орменио кон Бугарија и на Кипи кон Турција забраната се однесува само на камиони.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а бараат и исплатата на заостанатите субвенции.

Обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас, им нареди на обвинителите низ целата земја, со поддршка од полицијата, да интервенираат во случаи каде земјоделските блокади создаваат опасност и предизвикуваат кривични дела што се гонат по службена должност. Наредбата следува по зголеменото присуство на блокади кои го попречуваат движењето на возила на јавни и национални… Продолжи со читање












