Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата пресмета помали месечни трошоци на граѓаните за над 10.000 денари

/

Економија

Сподели преку :

Две минимални плати не се доволни да ја покријат ниту владината просечна кошничка. По, неколку месеци подготовки, министерот за економија Дурмиши излезе со нова пресметка за месечните трошоци на едно четиричлено семејство, откако претходно се оспори онаа на ССМ. Па, така сега владата скрои просечна потрошувачка кошничка која е за над 10 илјади денари помала од онаа на синдикатите или за август пресметале дека на едно четиричлено семејство му се потребни над 58 денари за да го истурка месецот.

Најголемите разлики се забележуваат кај храната и пијалаците. Каде што нашата пресметка во август покажува дека се потребни 21. 132 денари, а синдикалната 25.032 денари. Мали разлики има и кај трошоците за облека и обувки, образование домување и комуникации, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши 

Во владината кошничка за здравствени услуги во месецот,  во просек се потребни нешто над 1.400 денари. Сепак, во месечните трошоци не се вкалкулирани оние за рата за станбен кредит и кирија. ССМ ги пресметува одделно, па така заедно со останатите основни трошоци пресметката на синдикатите во август покажува дека на едно четиричлено семејство му требале нешто над 84 илјади денари.

Според, податоците од пописот во 2021 година, 95 проценти од граѓаните живеат во свој дом, додаде Дурмиши. 

Со став излегоа и од ССМ. Велат дека се изненадени за објавата на владина кошничка без согласност од економско – социјалниот совет, потенцирајќи дека секој граѓанин најдобро знае колку пари му требаат за достоинствен месец.

Наместо да се намалува вредноста на Синдикалната минимална кошница за 19,5 % до Владината просечна кошница, потребно е да се зголемат платите за 19,5% доколку се имаше желба да се помогне на работниците, соопштија од ССМ 

Владината кошничка ќе биде разгледана на новиот состанок на економско социјалниот совет кој ќе се одржи на 19 ти  месецов.

Изминатиот период од Владата неколку пати посочија дека во кошничката на ССМ има спорни производи и најавија дека ќе се скрои нова на која се работеше со месеци.

Ирена Чачкова