Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

/

Економија

Сподели преку :

Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.

Надлежните институции презедоа превентивни мерки за заштита од можни сајбер-напади, додека безбедносните агенции ширум светот ги повикаа корисниците веднаш да ги ажурираат системите или привремено да ги исклучат ранливите веб-страници.

Програмерите на PHP веќе објавија безбедносни интервенции, но експертите предупредуваат дека јавното откривање на проблемот им овозможува и на напаѓачите полесно да ги искористат ранливостите.

Меѓу погодените системи се и веб-страници на холандски државни институции, пристаништето во Ротердам, платформата за комуникација во данските училишта и веб-страници на француското Министерство за внатрешни работи.

Проблемот засега и голем број популарните платформи, поради што безбедносните експерти предупредуваат на можни пошироки последици.

Администраторите се повикани итно да ги применат достапните безбедносни ажурирања и да проверат дали нивните системи се изложени на ризик.