Дполнителна такса од под две евра предлага Европската унија за да се воведе за секоја ставка во пакетите со мала вредност до 150 евра што се увезуваат од земји надвор од ЕУ, соопшти Хрватската занаетчиска комора.
По две евра од производ би се плаќало покрај привремената паушална царина од 3 евра, која почна да се применува од 1 јули 2026 година. Таа царина не се пресметува по пакет, туку според видот на производот во пратката.
Тоа значи дека доколку купувач нарача пакет со три различни производи, дополнителните трошоци би можеле да достигнат 11 евра – три евра царина и уште по две евра за секој производ.
Иако се очекува овие трошоци најчесто да бидат префрлени на купувачите, формално обврската за плаќање би ја имале продавачите.
Од ХОК наведуваат дека Советот на ЕУ веќе го усвоил предлогот за нова регулатива со која се воспоставуваат нов Царински кодекс и Царинско тело на ЕУ. Според новите правила, платформите за електронска трговија со седиште надвор од Унијата ќе мора да ги плаќаат царинските обврски, наместо крајните потрошувачи, како што беше досега.
Предвидени се и санкции за компаниите во електронската трговија кои нема да ги исполнуваат царинските обврски.
Причината за воведувањето на дополнителната такса од 2 евра е зголемениот број мали пратки што пристигнуваат во ЕУ преку онлајн продавници, поради што растат трошоците за нивно следење и контрола.












