Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ: Училишната кошничка нема ефект – потребни се повисоки плати наместо мерки кои не вродиле плод

/

Економија

Сподели преку :

Училишната кошничка нема ефект. Ова е ставот на ССМ, од каде велат дека потребно е да им се платат на работниците повисоки плати, а не да се носат мерки со години наназад што не вродиле со плод. Од таму додаваат дека мерката училишна кошничка не може да им ги олесни трошоците на родителите, бидејќи реалната училишна кошничка е многу повеќе од тетратките, моливите и линијарите.

  • „Не само што треба да го следиме растот на цените на основните производи и на школскиот прибор и да носиме мерки од 10 или 15 проценти. Треба да го следиме и растот на платите. Ако сакаме европски цени, тогаш треба да имаме и европски плати. Со плата од 26.000 денари, верувајте, и моливче од 10 денари и тетратка од 10 денари, колку сакате да ги намалите, повторно ќе бидат скапи, бидејќи нема пари детето да го испратите на училиште, да го облечете, да му обезбедите ужинка од 2.000 денари месечно, а камоли за јазици, спортови и други активности“, вели Иван Пешевски од ССМ.

Граѓаните со поделени мислења. За дел од нив мерките би помогнале, додека за дел оваа мерка е само популистичка.

  • „Повеќе е смислена пропаганда отколку што е вистински помогнато. Тоа се пенали и тоа се гледа од авион. Најмногу родителот знае што му треба кога детето ќе оди на училиште“, вели еден граѓанин.
  • „Доколку државата може да помогне во однос на учебниците, тоа може да има ефект, како што беше порано. Генерациите после мене добиваа помош“, додава друг граѓанин.

Мерката предвидува попусти од 10 отсто за производи на големо и 15 отсто за производи на мало и ќе трае до 30 септември. Мерката училишна кошничка има за це да им ги намали трошоците на родителите при набавката на училиштен прибор

Според Министерството за економија, минатата година заштедата била од 750 денари до 2.000 денари по ученик, а оваа година е трета година по ред како се применува мерката училишна кошничка.

Софија Бислимоски

Jumbo 2