Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Презентирани дигиталните услуги, можности и решенија за компаниите

/

Економија

Сподели преку :

На иницијатива на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, пред компаниите членки беа презентирани достапните дигитални услуги, решенија и можности што им стојат на располагање на компаниите од министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. На средбата, претставниците на бизнис секторот имаа можност да добијат информации за практичните придобивки од користењето на новите дигитални услуги и нивното влијание врз поедноставување на административните постапки и унапредување на ефикасноста во работењето.

„Ова прашање доминантно е и во работата на Владата, исклучително ја ценам Вашата искреност да кажете јавно дека во првата година, сепак, не беа создадени услови за реализација и имплементација за онака како што сакате и дека сега сме во состојба да констатираме дека можеме со една агенда во која ќе бидат утврдени носителите роковите и заедничко дејствување да направиме чекор напред. Значи никого не треба да убедуваме, и малите деца знаат дека без оваа област не можеме да одиме напред. Ниту во конкурентноста на нашите производи, ниту надвор од земјата, ниту во развивање на бизнисот внатре во земјата“, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.

„Сите предлози кои што ги дадоа претставниците на Комората, мојот тим ги анализира ги собра и за дел од нив веќе можам да кажам дека ќе има позитивно решение за многу кусо време, а за дел од нив ќе треба поголема дискусија, поголема анализа за која што секако ќе ја информираме јавноста“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Н.С.