Регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе се оддржо денеска на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната.
Превозниците бараат изземање од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена.
– Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.

Утре во Скопје ќе се водат нови разговори помеѓу превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека очекуваат Европската комисија наскоро да закаже состанок за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната. Во интервју за Бизнис.рс, претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ вели дека преодното… Продолжи со читање













