Пред собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе се разгледуваат законски измени со кои се предвидува целосен поврат на платениот персонален данок за вработените мајки на прво, второ и трето дете.
За прво дете повратот би се однесувал на период од 12 месеци, за второ 24 месеци, а за трето до полнолетството на детето.
Според предлогот, мерката има цел да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за семејствата преку зголемување на расположливиот доход, без воведување нови директни буџетски исплати.
Во образложението се наведува дека се очекува мерката да придонесе и кон демографската политика и усогласувањето на професионалните и семејните обврски.
На седницата ќе се разгледуваат и измени на Законот за јавните набавки.
Тие предвидуваат континуирано професионално усовршување на службениците, наместо досегашната ресертификација со повторно полагање, како и поширока употреба на дигитални алатки и вештачка интелигенција за поголема транспарентност и намалување на ризиците од корупција.












