Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува расправата за ребаланс на Буџетот

/

Економија

Сподели преку :

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот за оваа година.

За предлог-измените, кои се разгледуваат во второ читање, поднесени се повеќе од 120 амандмани.

Со ребалансот, вкупните буџетски приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари.

Најголемите корекции на приходната страна се однесуваат на акцизите, кои се намалуваат од 34,1 на 30,4 милијарди денари, како последица на намалувањето на акцизите на бензините и дизелот.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се предвидува и намалување на расходите за стоки и услуги, субвенции и капитални инвестиции, главно поради побавната реализација на одредени проекти.

Истовремено, се обезбедуваат дополнителни средства за социјално ранливите категории и здравствените услуги.

Буџетскиот дефицит останува непроменет на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бруто-домашниот производ, додека проекцијата за економски раст во 2026 година останува на 3,5 проценти.

Jumbo 2