Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а експропријацијата се уште не е завршена

/

Економија

Сподели преку :

По повеќе од две децении започнува да се гради автопатот Скопје- Блаце, иако експропријацијата не е целосно завршена. Должината е 10,5 километри и ќе се спои со веќе изведените 2 километри во близина на граничниот премин со Косово.

Автопатот треба да биде готов за 4 години, а ќе го реализира домашната градежна компанија  Гранит.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека изградбата на автопатот е историски момент ии од осбено значење и за Македонија и за Косово.

  • „За граѓаните помеѓу двете земји ќе значи подобра економија, подобро поврзување, подобар транспорт, подобра размена, нешто што претставува исклучително важен атрибут, посебно во 21 век и во корелација со нашите стратешки приоритети како Влада“, изјави премиерот.

Косовскиот премиер Албин Курти порача дека се поставуваат темелите на нова врска меѓу двете држави и ќе ја зајакне инфраструктурата меѓу нив.

  • „Важноста е повеќе од инфраструктурата. Освен што ќе се скрати дистанцата, ќе се олесни протокот и ќе се содадат нови можности за соработка за граѓаните и економиите на нашите две земи. Ние сме две држави кои имаат висок проток на граѓани од двете страни на границата“, рече Курти.

За министерот за транспорт и врски Александар Николоски проектот е зацврстување на Македонија како раскрсница на Балканот.

  • „Навистина е убаво кога се гледа нешто што за неколку години ќе донесе дополнителен развој. Едно силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора. Отворање кон најмалку две пристаништа кон Драч и Бар“, изјави министерот.

Директорот на државни патишта Коце Трајановски изјави дека станува збор за најсложениот и најтежок автопат на кој ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Трајновски информираше дека експропријацијата е повеќе 65 отсто завршена, уверува дека тоа нема да биде пречка и очекува во наредниот месец или два целосно да се реши експропријацијата.

Во 2020 година почна да се гради првата, полесна делница од 2 километри, а нејзината изведба траеше неколку години поради проблеми со експропријацијата. Претходната Влада во 2022 година најавуваше изведба и на втората делница од 10,5 километри, а се обезбедија и финансии, но изградбата не почна.

Финансиите се обезбедени преку заем од ЕБОР од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,8 милиони евра, средства од буџетот државни патишта, како и грант средства за проектантите.

Марија Митевска

Jumbo 2